Од 9.30 часот денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од населбата Автокоманда, висока зона.
Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради отстранување уличен дефект на улицата „Јани Лукровски“ 12 .
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.