Корисниците од ресторанот „Александар“ и околните куќи, улицата „Радишанска“, маркетите Рептил, КАМ, и ГИГО во општина Бутел утре од 8.30 до 11.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од село Горно Оризари, од 9 до 13 часот корисниците од дел од село Долно Количани, селата Горно Количани, Пагаруша и Вртекица, објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава, Драчевица, Цветово, населбата Мала Река, Равни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград, Алдинци, Караџица, и дел од корисниците од улицата „Московска“ кај пазарчето во општина Карпош.
Во периодот од 9 до 14 часот, без напојување со електрична енергија ќе се и корисниците од улицата „Морава“, дел од улиците „Гвадалахара“, „Гарсија Лорка“, „Брсјачка буна“ и „Антонин Дворжак“ во општина Шуто Оризари, од 9 до 9:30 часот корисниците од дел од село Горно Оризари, дел од селата Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Голиево, и каменолом ГП Гранит, од 10 до 10:30 часот корисниците од дел село Мирковци, Кучевиште, Побожје, дел од селата Љубанци, Бродец, Малино Маало, Танушевци, Брест и Кодра Фура.
Од 10 до 15.30 часот, без струја ќе се и корисниците од дел од улиците „Љуботенски Пат“, „Радишанска 30“ и околните подулички во општина Бутел, а од 11 до 11.30 часот корисниците од дел село Сандево, манастирот „Св.Илија“, караулата Рамно, дел од село Мирковци, Бањани, Горњани, и Чучер.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.