Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре од 8 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Марино и село Кадино во Општина Илинден.
Во Општина Центар корисниците од улицата „Димитар Пандилов“ со број: 12, 14, 16, 18 и 20, утре од 8 до 15.30 ќе бидат без струја.
Од 9 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата 1 во Сопиште, корисниците од ул. Радишанска бр. 30, Луботенски Пат и околните подулички, како и лицата од ул. Скупи од бр. 2 до бр. 10, подулица 3 и подулица 7.
Во Општина Ѓорче Петров утре од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат кориснците ул. Христо Батанџиев бр. 15 и дел од ул. Мајски Манифест, додека од 10 до 11 во Општина Чучер Сандево без струја ќе бидат дел од жителите на село Бањани.