Корисниците лоцирани на улиците „Че Ге Вара“, „Бутелски венец“ и „Македонско-косовска бригада“ со подулиците во општина Шуто Оризари утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.
Во периодот од 9 до 11 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Марко Цепенков“ и „Боте Ботевски“ во општина Кисела Вода, а од 8 до 17 часот жителите од Горно Соње, општина Сопиште.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.