Заради извршување потребни интервенции во електросистемот, без струја утре, во периодот од 14 до завршување на интервенцијата, ќе бидат корисниците на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром.
Од РЦУК информираат и дека без струја во периодот од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците на бул. „Борис Трајковски“ (над Канапе Мебел), како и ул. „1520“ во општина Кисела Вода.