На плоштад „Македонија“ во Скопје, денес попладне се одржа парада за позитивна слика на женското тело, насловена „Горда што сум своја“.
На самиот настан земаа учество многу девојки, жени и мајки кои без разлика на големината, висината, кожата, како и недостатоците гордо проделифираа само во костими за капење, со цел да ги убедат жените и мажите да ги „соблечат“ сите видови на предрасуди.
Настаните од ваков тип често оддекнуваат во јавноста затоа што им овозможуваат на луѓето да се исполнат со самодоверба и моќ.