Хотел од Скопје утрово пријавил двајца странци со сипмтоми за настинка. Епидемиолозите им земале брисеви кои што се испратени на тестирање, а во тек се интервујата кои треба да покажат со кого имале контакт. Двајцата пристигнале во Скопје од Келн со авион на 28 февруари. Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека двајцата се во изолација во хотелската соба во која престојуваат, а какви мерки ќе се преземат зависи од резултатите.
– Следниве два-три часа ги очекуваме резултатите. Се работи за државјани на Сингапур и на Австралија. Заедно допатувале од Келн. Сега се прават интервјуата за да се утврди со колку луѓе имале контакти – рече министерот Филипче.
Од денес, во соработка со операторите на мобилните мрежи во Македонија, министерот Филипче најави дека на сите странци кои доаѓаат во земјава ќе им стигнуваат пораки со податоци како да постапат во случај да почувствуваат некакви симптоми. Во порака странците ќе ги добиваат податоците кои ги содржи флаерот кој се дели на сите што влегуваат во земјава.