Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.
– Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките ‘Европа’ и ‘Скопска пиварница’), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај ‘Металски завод’ и ‘Електроелемент’), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ ‘Хиподром’ и кон Велес преку Идризово – велат од градот.
Градот Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот, како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на фреквентниот булевар Александар Македонски.