Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје апелира до граѓаните да го контактираат Центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик.
– Со пријавувањето на овие случаи граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби, се наведува во апелот од Центарот.
Пријавите, како што се наведува, ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година.
– Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите – се наведува во соопштението.
Како што наведуваат од Центарот, тимот постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви: 078 / 230 943 и 076 / 381 762