Децата од градинката „Пржино“ од Кисела Вода, за најмладите пациенти, кои се лекуваат на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, изработија повеќе подароци, прекрасни новогодишни фигури.
Новогодишните подароци на медицинскиот директор на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, на м-р. д-р. спец. Ангелчо Андоновски и на главната сестра, Суза Кочовска, која во болничките соби на дечињата им ги подели подароците, им ги врачи директорката на ЈДГ „8 Март“, Павлинка Топузоска.
За иницијативата за подготовка и дарување подароци, Општина Кисела Вода упатува голема благодарност до директорката, негувателките и воспитувачките. Градинката „Пржино“ е во надлежност на ЈДГ„8 Март“.