Екипи на Град Скопје, вечерва од 19 часот, почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври (кај Црвен крст).

Градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град. Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.

Поради градежни работи – изведување на прекопи од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“, улицата Индира Ганди денеска (17.08.2019 година, сабота) од 22 часот ќе биде затворена за сообраќај до 05 часот на 18.08.2019 (недела).

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.