Во текот на иницијативата на град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.
На градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово.
Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици.
– Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот. Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови – велат од град Скопје.