Граѓанската иницијатива „Го Сакам Водно“ демантира дека е постигната било каква согласност со МЕР околу изградбата на гасоводот преку Водно.
– Во потполност ја демантираме информацијата на МЕР за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту, пак, сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект – се вели во реакцијата.
Вчера МЕР преку соопштение информираше дека е постигнат договор со граѓанските здруженија околу изградбата на гасоводот преку Водно.