Премиум Релито Софија – Свети Влас за екслузивни автомобили денеска по првпат гостува во Скопје.
Во центарот на Скопје на плоштад Македонија, попладнево љубителите на спортските автомобили ќе можат да погледнат повеќе од 40 лимитирани серии на возила меѓу кои Lamborghini Aventador Spyder – со преку 700 к.с., AUDI R8 PLUS – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инжењерство, Ferrari 488 – Носител на награда „Супервозило на годината“ од Top Gear, Aston Martin DB11 кој е избран за возило на Џејмс Бонд и AMG GT R – специјално создадено чудовиште за на патеките од Mercedes-Benz, Mercedes-Benz C63 S Coupe оптимизиран од Manhart со преку 700к.с.