Во општината Ѓорче Петров, изминативе денови се работи на асфалтирање на повеќе сервисни улици во населбата Кисела Јабука. До крајот на неделава соодветен пристап до домовите ќе добијат и жителите од улиците 30, 32, 36 и 38. Од општината велат дека механизацијата на ЈП „Македонија пат“ останува на терен, по што ќе следува подготовка за асфалтирање на уште три улици во Кисела Јабука.
Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, очекува до крајот на градежната сезона да се асфалтираат и предвидените 13 улици во населбата Волково.
– Општината ќе остане посветена, заедно со централната власт да работат на подобрување на условите за живот. Сите граѓани се на приоритетната листа – смета Наумовски.
Проектот за реконструкција на сообраќајници опфаќа 33 улици, кои треба инфраструктурно да се комплетираат.