Проектот на општината Ѓорче Петров за изградбата на пешачка зона во паркот и враќање на старото корзо е веќе во втората фаза, претходно се расчистуваше теренот, се отстрануваше калдрмата и бетонските елементи од тротоарите, а истовремено беше поставена подземна инсталација и се нивелираше земјиштето.
На просторот на поранешното корзо се гради и амфитеатар за културни и забавни настани, а шеталиштето веќе има дрвореди во кои се засадени 46 нови дрвца. Во делот кој што гравитира кон паркот започната е изградбата на двата предвидени павилјона со тераси и маси. Паралелно, еден дел од зелените површини се ревитализирани. Третата фаза од овој проект ќе се состои од поставување на уличните светилки, канделабри, клупи, корпи за отпадоци и заштитни столпчиња.
Проектот се реализира од страна на општината Ѓорче Петров со финансиска поддршка на Светска банка, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 21 милиони.
Непосредно до старо-новото корзо, службите на град Скопје конечно го рушат стариот руиниран објектот во кој беше сместена противпожарната бригада и оваа локација е предвидено да се уреди со зеленило.