Поради потребите на снимањето на филмот „Врба“, кој е во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“, денеска, утре и задутре (11, 12 и 13 ноември) сообраќајот на улицата „Владимир Полежиновски“ (зад Трговскиот Центар Буњаковец), ќе биде во прекин.
Како што информираат од продукцијата на филмот, улицата ќе биде затворена за сообраќај во наведените три дена во периодот од 15 часот до 6 часот, наредниот ден.