За утре (1 ноември) во МВР е најавен протестен марш кој ќе почне во 13 часот.
Како што информираат од скопската полиција, настанот ќе почне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата Христијан Тодоровски Карпош, право по улицата Цветан Димов, десно по булеварот Гоце Делчев, лево по улицата Филип Втори, десно по улицата 11 Октомври до пред Собранието во центарот на градот.
Поради најавениот марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што истиот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива протестот.