Општината Аеродром од неодамна започна со реконструкција на оштетените детски игралишта што се наоѓаат на нејзина територија. Во изминатиов период се поставува и гумена подлога на игралиштата за поголема безбедност на најмладите и се обновуваат реквизитите. Исто така продолжува и тековното одржување на сите детски игралишта на територијата на Аеродром.
Надлежните велат дека поради несовесните граѓани често реквизитите во игралиштата завршуваат искршени и нефункционални.
И локалните жители често се жалат дека игралиштата не се чуваат и цел на вандали се лулашки, клацкалки или други функционални реквизити со кои децата би можеле да си играат.
Често велат дека во општината голем дел од игралишта се демолирани и покрај тоа што се обновуваат.
Токму поради ваквите појави општината Аеродром започна со реализација на акција за обнова на детските игралишта.