Улицата Бутелска беше тесно сообраќајно грло изминатиов празничен викенд, а синџирот од возила беше речиси недогледен во вечерните часови, кога сите се враќаа дома. Сообраќајниот хаос на враќање ги правеше нервозни излетниците што се упатиле кон викенд-населбата Бродец или падините на преубавите села и манастири на Скопска Црна Гора. Метежот веројатно се создаде и поради незавршените градежни активности на пробивањето на новата траса на улицата Христијан Тодоровски-Карпош.
Оваа улица сосема ќе го релаксира сообраќајот по Бутелска, која сега е единствена сообраќајна артерија кон Бутел, Радишани и многу скопски села. Вакви колони по Бутелска и околу кружниот тек речиси се вообичаени и за христијанскиот празник Задушница, кога голем број граѓани се упатуваат кон Градските гробишта во Бутел