Синоќешната евакуација на станарите од станбениот блок во ТЦ „Скопјанка“ била предизвикана од валкани пелени за возрасни, кои биле складирани во станот од каде се ширела непријатна миризба на амонијак.
Поради непријатната миризба синоќа реагираше и противпожарната служба, како и единица на АРМ за биохемиски отрови.
Според првичните информации, во станот живееле две жени, од кои едната на возраст од околу 90 години.
По пет часа бил утврден изворот на специфичниот мирис, по што станарите можеле да се вратат во своите домови, а специјален тим ќе го чисти станот од кој се ширела миризбата.
Градоначаникот Шилегов кој синоќа беше на местото рече дека социјалните служби се известени за двете жени кои што живеат во станот и ќе преземат мерки за да им помогнат.