Сообраќајот во централното градско подрачје пред Собранието на РМ утре од 12 часот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Како што соопшти МВР поради закажан јавен собир во Скопје ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата “Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосница помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.