Средношколците од скопските училишта денеска ја бојкотираа наставата во знак на револт поради загадувањето на воздухот во главниот град.
„Тие се богатат, ние се труеме“, „ако вие не преземете одговорност, ние мораме“ и „нема воздух, нема мир“ се дел од пораките истакнати на протестите
Бојкотот беше најавен пред неколку дена, а од 17 часот е предвиден и марш за чист воздух во Скопје.