Светскиот ден на дијабетесот се одбележува секоја година на 14 ноември. Оваа година овој ден се одбележува под мотото: Дијабетесот го засега секое семејство.
По тој повод, Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, организираат рекреациона активност односно пешачење на кејот на реката Вардар в недела. Настанот започнува во 11.30 часот на стазата на кејот на Вардар, на ниво на „Жабарот“.
Организирано е мерење на гликемии (шеќер во крвта) пред и после пешачењто, за да се потенцира важноста на физичката активност и само-контролата како значајни елементи во третманот на дијабетесот. Дополнително ќе бидат поделени и памфлети со информации за дијабетесот и маичка за секој учесник.