Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Центар и Карпош.
Од РЦУК Скопје информираат дека во периодот од 10:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Христо Смирненски“ бр. 38. во Општина Центар, а од 11:30 до 14:00 часот корисниците од зграда бр. 17А на ул. „Московска“ и околните објекти во Општина Карпош.