Дел од корисниците на општина Бутел утре од девет часот ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект од Ф-200мм на ул. Бутелска во близина на полициската станица Бутел.
Без водоснабдување ќе останат корисниците на улиците од „Хо Ши Мин“, „Марко Крале“, „Љубо Петровиќ“, „Дабница“, „Мрежичка“, „Зуфер Мухиќ“, „Коле Канински“, „Призренска“, „Галичник“ и „Мостарска“.