Студентскиот дом „Стив Наумов“ во моментов нема централно греење поради дефект во внатрешната инсталација, чие одржување согласно важечката регулатива е обврска на управата на домот, информира Балкан енерџи груп (БЕГ).
– Сѐ додека управата не го среди овој проблем во внатрешната инсталација БЕГ не е во можност да испорача топлинска енергија. Со оглед на фактот дека се работи за Студентски дом каде се сместени голем број студенти, БЕГ како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена со своите стручни екипи да даде поддршка на управата на домот за надминување на овој проблем – соопшти БЕГ.
Од БЕГ посочуваат дека пред почетокот на грејната сезона нивни екипи навреме извршиле проверка на топлинската станица на Студенскиот дом „Стив Наумов“, при што било констатирано дека е технички исправна за преземање на топлинска енергија од централниот систем за греење.