На позицијата доаѓа со повеќегодишно работно искуство во истото претпријатие, каде е вработен од 2009 година
Ангеле Сотировски е нов в.д. директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, објави Град Скопје.
Сотировски е назначен за нов в.д. директор, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча, потенцираат од градот.
Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година.