Учениците од ОУ „Блаже Конески“ заедно со своите родители денеска протестираа во обид да спречат рушењето на училишното игралиште, каде што општината планира да изгради градинка. „Не го даваме теренот“ беше испишано на една од паролите на протестот.
Учесниците на протестот не се противат на изградбата на детска градинка, но бараат од надлежните да го сочуваат игралиштето. Аеродромци дознале за планот на општината откако механизацијата била донесена во дворот на училиштето.
Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, разговараше со околу 200 граѓани, најавувајќи и повторна средба во следните две недели.