Од сабота ќе има измена во возниот ред на автобусот на ЈСП „Скопје“ со број 25, што сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно. Автобусот наместо во 7.30 часот, ќе тргнува во 8 часот.
– Изминатиот период терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на планинарите и поради високите температури во летниот период, соопшти ЈСП „Скопје“.
За викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот со број 25 е бесплатно за сите граѓани. Бесплатно е и возењето за сродните лини 25А и 25Б, што сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат. Бесплатно е и возењето со автобусот 28 што сообраќа од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).
Бесплатниот превоз се воведе по предлог на голем број граѓани, a доби поддршка и од Град Скопје и ЈСП „Скопје“ пред се од еколошки аспект со цел да се контролира и регулира движењето до Средно Водно.