Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје ја информира јавноста дека од денеска автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри после пешачкиот надвозник, односно стојалиште сега е пред ОУ „Лирија“.
Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини.
На претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди, соопштија од ЈСП.