Со реконструкцијата на Кејот „13 Ноември“ се ослободи повеќе место за пешаците и велосипедистите, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
– Новото шеталиште повторно е место каде граѓаните ќе можат да уживаат под сенките на убавите дрвореди, без возила или други пречки при движењето – посочи Шилегов.