Досега никој нема донесено било каква одлука за Универзална сала, објави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на Фејсбук.
Тој најави дека денеска во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи брифинг со новинари за Универзална сала.
– На овој брифинг, јавноста ќе биде запознаена со сите досегашни постапки кои се водени за Универзална сала, како и за идните постапки кои ќе ги спроведе градот, пред да биде донесена било каква одлука – напиша Шилегов.