Во парк-шумата Гази Баба од денеска е пуштена во употреба фитнес-зоната, што се простира на површина од 200 метри квадратни.
Од Општина Гази Баба соопштија дека во фитнес-зоната се поставени реквизити за сите возрасти, како и дека дел од нив се адаптирани за лица со хендикеп.
– Опремата е по светски стандарди е наменета за физичка кондиција на целото тело. Овој проект се реализираше со помош на Агенцијата за млади и спорт, наведоа од Општина Гази Баба.
Фитнес-зоната денеска официјално беше отворена при посетата на градоначаникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.