Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без струја ќе бидат делови од општините Центар и Карпош.
Како што информира РЦУК-Скопје по добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, во периодот од 08:30 до 11:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците на дел од ул.Наум Наумовски Борче, улица Јордан Хаџи Kонстантинов Џинот, ул.Ристо Шишков во Општина Центар.
Во Општина Карпош, пак, во периодот од 089:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на ул.45 ул.49 ул.52, фирмата Ла Пласт, како и објекти кон обиколницата.