Поради уличен дефект ф 2 на ул.„Орце Николов“ 10, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на улица „8-ми Март“, во општина Центар.
Како што информираат од РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде во периодот од 09:00 часот до завршување на дефектот.