Почнатата реконструкцијата и хортикултурното уредување на „Финскиот парк“ во населбата Ченто, кои беа почнати изминативе денови, се во завршна фаза. Пред да почне уредувањето на паркот, најпрвин беше исчистен од шут, а потоа парковската површина беше посипана со плодна земја. Беа направени нови шахти и беа поставени прскалки за наводнување на зеленилото.
– Деновиве работиме на реконструкција и хортикултурно уредување на зелена површина од околу 13.000 квадратни метри во „Финскиот парк“ во населбата Ченто. Површината е прекопана, исчистена од шутот, донесена е нова плодна хумусна земја и се подига нов тревник. Првпат во овој парк е поставена хидрантска мрежа со систем за полевање со прскалки. Поставени се 23 шахти и 145 прскалки за наводнување на зелената површина. За обнова на овој парк се одвоени околу 6,5 милиони денари од буџетот на градот Скопје, а на терен работеа екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ – рече градоначалникот Шилегов.