Пензионерите од општината Центар, конечно ќе имаат каде повторно да се дружат и социјализираат.
Општинските власти неодамна официјално ги отворија пензионерските клубови во општината, каде што најстарите ќе можат да го поминуваат своето време исполнето со рекреативни дружби.
– Спроведовме целосна дезинфекција во внатрешниот и во надворешниот простор на пензионерските клубови, а во наредниот период ќе обезбедиме и дезинфекциски средства и маски за заштита. Пензионерските клубови ќе работат во согласност со мерките и препораките на надлежните институции – информираат општинските власти.