Градоначалникот Филип Темелковски во придружба со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и со советникот Зоран Ацевски изврши увид во градежните работи за реконструкција и рехабилитација на улицата „Марко Орешковиќ“.
По санацијата на оштетената улица, која според предвиденото треба да заврши за 15 дена, граѓаните ќе можат безбедно да стигаат до своите домови, а и да ги посетуваат најстарите цркви во градот, „Св. Ѓорги“ и „Св. Никита“.
Улицата лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода, се реконструира во должина од 1500 метри и ширина од 4,5 метри.