Под мотото „Викни силно против насилно“, денеска се одржа десеттиот Марш на толеранција, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а со поддршка од повеќе невладини организации.
Маршот беше повик до граѓаните да го препознаат, а институциите да го казнуваат говорот на омраза и насилството.
– И покрај промените во Обвинителството, случаите кои со години ги поднесувавме, се уште стојат во фиока – изјави активистот за ЛГБТ правата Кочо Андоновски.
Учесниците на денешниот марш побараа да запре говорот на омраза и сите форми на насилство и апелираа дека е неопходно повеќе да се работи на превенцијата за надминување на ваквите состојби.