Уличните светла од обете страни на булеварот Никола Карев во Скопје светат утринава, откако и вчера беа вклучени преку ден.
Во време кога на големо се дебатира за потрошувачката на електрична енергија, секое неразумно трошење струја е луксуз, со што уште нема реакција од надлежните служби.
Овој булевар пред неколку месеци беше и официјално пуштен за сообраќај, по неговото проширување и реконструкција, а поставено беше и ново лед-осветлување од двете страни.