Несекојдневни олдтајмери и моторцикли денеска беа изложени на плацот кај авиончето во скопската населба Аеродром. Скопјани имаа можност да уживаат и за првпат да видат некои олдтајмери кои беа донесени од странство.
Идејата на организаторите Игор Стефановски и Благоја Петровски кога го најавија настанот „Skopje Classic Day“ беше за прв пат во Македонија да се направи изложба во која ќе има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото.
– Секој има приказна врзана за своето возило – како го нашол, колку време му било потребно да го рестарвира возилото- вели Петровски.