На 32 матуранти – првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта денеска во град Скопје им беа доделени специјални признанија и парични награди, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли ан.
– Годинава наградуваме 32 првенци на генерација од 23 средни училишта во Скопје. Да се биде првенец на генерацијата значи дека си на пат да ги реализираш своите соништа. Јас навистина посакувам вашите соништа да ги реализирате овде, а соништата за вашата иднина да бидат врзани за нашата земја. Затоа што сме земја во подем, затоа што сме град кој што се менува, зашто сме општество кое што се менува и многу дилеми кои што сте ги имале во текот на средношколските денови полека ќе почнеме заедно со вас да ги надминуваме. Вие во многу блиска иднина ќе бидете моторот на општеството, на градот и на државата, ќе бидете оние кои ќе треба да ги менуваат работите. Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете пред се луѓе. Само човек што има знаење и личен интегритет е човек што ги движи и менува работите – им порача на матурантите градоначалникот Шилегов.
Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:
Ана Марија Атанасовска СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин”
Давид Стојкоски СУГС Гимназија „Никола Карев”
Теодора Поповиќ СУГС „Георги Димитров”
Коста Аризанов СУГС „Георги Димитров”
Ивана Стојановска СМУГС „Др. Панче Караѓозов”
Стефан Митиќ СУГС Гимназија „Орце Николов”
Лиле Стефановска СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито”
Анастасија Накова СУГС „Димитар Влахов”
Кадире Бајрами СУГС „Марија Кири Склодовска”
Ајсер Синани СУГС „Марија Кири Склодовска”
Никола Иванчов СЕТУГС „Михајло Пупин”
Јована Николоска СЕТУГС „Михајло Пупин”
Лука Тасевски СУГС Гимназија „Панче Арсовски“
Филип Николоски АСУЦ „Боро Петрушевски”
Викторија Младеновска АСУЦ „Боро Петрушевски”
Рина Османи СГГУ ГС „Здравко Цветковски”
Исра Зеќири СУГС „Зеф Љуш Марку”
Бисера Шегмановиќ СЕПУГС „Васил Антевски Дрен”
Никола Јовановски СУГС „Лазар Танев”
Викторија Филипова СУГС „Лазар Танев”
Борјан Јовановски СУГС „Лазар Танев”
Ердуан Дуроски ЕМУЦ „8.Септември”
Борче Данчевски ЕМУЦ „8.Септември”
Емеле Мемиши СЕПУГС „Арсени Јовков”
Љејла Биљаљи СЕПУГС „Арсени Јовков”
Ангела Несторовска СУГС „Кочо Рацин”
Александар Мишовски СУГС „Владо Тасевски”
Аделиса Арифи СУГС „Шаип Јусуф”
Атин Неџиповиќ СУГС „Шаип Јусуф”
Арзије Исмаиловска СУГС „Сарај”
Сара Идар СУГС „Цветан Димов”
Александар Симоновски СУГС „Браќа Миладиновци”
Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ е под покровителство на градоначалникот Петре Шилегов и во организација на Дирекцијата за култура и уметност, а е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја. Преку неа, Градот Скопје секоја година го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта и на тој начин им оддава јавно признание за постигнатите резултати.
На денешното доделување на признанијата на матурантите-првенци присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој им честита на учениците на постигнатиот успех, на нивните родители, но и на професорите кои ги поддржале и помогнале да се надгради нивниот талент.