Фото: Игор Бансколиев

Сите сакаме да користиме современи автобуси што ќе бидат нови, кои нема да го загадуваат воздухот, со чија помош побрзо ќе пристигнуваме до посакуваната дестинација. Сакаме град без сообраќајни проблеми, со велосипедски патеки, сакаме држава што ќе напредува и економски ќе расте и ќе се развива. Сепак, треба да бидеме свесни дека со неплаќањето на автобуските карти, исто како и со неплаќањето на даноците, директно си штетиме себеси. Локалната и централната власт преку автобуските карти, даноците, услугите што ги нудат, а за кои граѓаните треба да платат, собираат финансиски средства, кои потоа повторно ги реинвестираат во општеството. Тоа значи дека новите автобуси и сообраќајници, новите инвестиции, реконструкции на објекти и многу други активности од локалната и од централната власт се невозможни доколку сите ние не си плаќаме за она што го користиме

НЕКУПЕНИТЕ БИЛЕТИ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП НЕ ГО ОШТЕТУВААТ САМО ПРЕТПРИЈАТИЕТО, ТУКУ И РАЗВОЈОТ НА ОПШТЕСТВОТО

Откако во јавниот градски превоз пред неколку години беа воведени значајните промени, како што се картичката „скопска“, автоматската локација на автобусите, реалното време на пристигнување на автобусите, граѓаните имаа голем број нејаснотии, особено за користењето на картичките. Факт е дека дотогаш јавниот градски превоз доста често беше злоупотребуван, многумина се возеа без да платат билет, а помладите генерации имаа развиено систем за фалсификување, преправајќи ја употребената картичка за да можат да ја користат и по неколкупати.

Сето тоа дополнително беше олеснето затоа што старите поништувачи на картички не секогаш успешно ги поништуваа билетите. Набрзо целата таа фама и паника се смирија. Граѓаните се навикнаа на новиот пософистициран систем, нема повеќе метеж кај возачот на автобусот, кој сега веќе може да се фокусира исклучиво на безбедното управување со автобусот.
Сепак, некои проблеми останаа. Јавното сообраќајно претпријатие сѐ уште се соочува со патници што не сакаат да платат за билетот, но сакаат да се возат во градските автобуси.
Сите сакаме да користиме современи автобуси што ќе бидат нови, кои нема да го загадуваат воздухот, со чија помош побрзо ќе пристигнуваме до посакуваната дестинација. Сакаме град без сообраќајни проблеми, со велосипедски патеки, сакаме држава што ќе напредува и економски ќе расте и ќе се развива. Сепак, треба да бидеме свесни дека со неплаќањето на автобуските карти, исто како и со неплаќањето на даноците, директно си штетиме себеси. Локалната и централната власт преку автобуските карти, даноците, услугите што ги нудат, а за кои граѓаните треба да платат, собираат финансиски средства, кои потоа повторно ги реинвестираат во општеството. Тоа значи дека новите автобуси и сообраќајници, новите инвестиции, реконструкции на објекти и многу други активности од локалната и од централната власт се невозможни доколку сите ние не си плаќаме за она што го користиме.
Дивите патници во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие не се ништо помалку од оние што не плаќаат даноци во државата. Штетата од нивното несовесно и себично однесување се манифестира на сите граѓани на државата.

Граѓаните велат дека се гневни поради таквата ситуација, особено затоа што велат дека редовно ги валидираат своите картички на читачот, а некои едноставно не го прават тоа.
– Не е фер вие да плаќате автобуски билет, а друг да си влезе во автобус како да е од неговите родители и да си седне без да одвои денар за тоа. Дали кога би се возеле и во такси не би платиле? Неправедно е затоа што се чувствувате понижено. Вие редовно плаќате за возењето, а се чувствувате безвредно кога гледате како некој си влегува и си пристигнува до саканата дестинација без да плати ниту денар за тоа. Неколкупати им имам укажано за тоа, но воопшто не им е грижа. Мене веќе ми се точно познати, бидејќи секојдневно одам на работа во исто време и со ист автобус. И тие тој период го користат јавниот градски превоз, па веќе точно знам што ќе се случи – вели Стојан Зузаровски, редовен корисник на јавниот градски превоз.
Тој раскажува дека најскандалозно е кога ваквите патници ќе ги фати контролата.

– Кога ќе се качат контролорите, веднаш се препознаваат патниците што не ја валидирале картичката на читачот и оние што воопшто немаат картичка, а не платиле за билетот со мобилен телефон. Прво што прават е обид за симнување од автобусот, но кога нема да успеат да се симнат и кога контролорите ќе стигнат до нив, тогаш се срамат, ги молат да ги пуштат, не сакаат да се прават скандали. Не сакаат нивниот случај да се решава со полиција, па наместо да платат за возењето 25 или 35 денари во зависност од тоа која им е дестинацијата на движење, тие за истото си плаќаат илјада денари – вели Стојан.
Корисниците на услугите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ велат дека воопшто не е пријатно кога контролорите ќе фатат некој патник без билет.
– Контролорите само си ја вршат работата, но граѓаните се бунтовни, не сакаат да попуштат. Не даваат документи за идентификација, се караат со контролорите, вреват во автобусот, па понекогаш навистина е стресно и тензично. Од моето лично искуство, секогаш на крајот си плаќаат за возењето, но мора да помине процедурата на бунтување – вели Лиле Јаневска, исто така, редовна корисничка на Јавното сообраќајно претпријатие.

Контролорите само во првите шест месеци од годинава, односно од јануари до јуни, извршиле близу 75 илјади контроли.
– Во првото полугодие од 2020 година, Одделението за контрола на билети има извршено 74.356 контроли на билети. Дневно во просек се извршуваат 409 контроли на билети. Наплатени се 1.321 дополнителен билет, поднесени се 4.576 пријави, а одземени се 704 електронски картички – информираат од ЈСП „Скопје“.
[email protected]