Во скопската зоолошка градина започна изградбата на живеалиште за фламинга и за пингвини. Како што соопштуваат од зоолошката, домот за новите станари ќе се гради етапно. Градежните зафати би требало да завршат пред и официјално да стигнат новите животни. Според планираното, фламингата се очекува да пристигнат во октомври, додека, пак, пингвините напролет. Финансиско покритие за изградба на нивното живеалиште ќе обезбеди градот Скопје.
Од скопската зоолошка градина велат дека конечно и првпат ќе имаат живеалиште за омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски стандарди.