Вкупно 66 контејнери во Скопје се запалени и целосно уништени во првите девет месеци од годинава, соопшти денеска Град Скопје.
Оттаму заедно со јавното претријатие „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните правилно да го оставаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици.
– Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие- истакнуваат од Град Скопје.
Кабастиот отпад како стар мебел, електрични и електронски апарати апелираат да не се фрла на јавните површини и да не се остава до садовите за собирање комунален отпад.
Кабастиот отпад, велат од Град Скопје, може да се остави во центрите за селекција на отпад во Карпош и Вардариште или во претоварната станица во Шуто Оризари и за оваа услуга не се наплатува паричен надоместок.