Општина Бутел денеска започна со имплементација и на третата мерка од Планот за чист воздух, која се однесува на замена на нееколошкиот систем за греење во ООУ „Св. Климент Охридски”.
Училиштето го посетија градоначалникот на општината Велимир Смилевски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
Како што беше посочено, системот за затоплување на училиштето кој моментално се користи, покрај тоа што е нееколошки, е застарен и во многу лоша состојба, а датира од 1971 година.
Новиот систем за греење ќе користи природен гас како гориво. Со новопоставениот систем ќе се опслужува училишната зграда, спортската сала и помошен објект за деца од предучилишна возраст.