Корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода утре од 8.30 до 11.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9.30 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Долно Свиларе, а од 11.30 до 14 часот корисниците од дел од улицата „1520“ во општина Kисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.