Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците на високата зона во населба Автокоманда. Можно е намалување на притисокот во населба Железара.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради отстранување уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ во близина на ветеринарната амбуланта.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување на интервенцијата.