Корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од зградите со број: 51, 53, 41, 47 и 49 во општина Аеродром денеска од 10:00 часот се без вода за пиење.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на булевар „Јане Сандански“ број 53.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирањето на дефектот.